Без проблеми тече изградбата на трговскиот центар "Скопје Сити мол" и како што најавува новиот директор на центарот, Ивајло Иванов, ќе се запази рокот - наесен да се случи официјалното отворање. Дури 90% од деловниот простор е веќе закупен и Иванов очекува до стартот со работа, Центарот да биде комплетиран. Во тек се завршните работи на објектот кој е во вкупна површина од 90.000 квадратни метри и неговата изградба чини 70 милиони евра. Станува збор за максимално енергетски ефикасен објект - прв од ваков тип во Македонија. Во него ќе се вработат околу 2.000 лица што многу ќе придонесе за намалување на невработеноста во Скопје. Центарот се наоѓа на одлична локација - помеѓу две прометни сообраќајници во Скопје. Иванов вели дека тоа им дава можност на посетителите на "Скопје Сити мол" да дојдат со автомобил, јавен транспорт, велосипед или пеш.
Без проблеми тече изградбата на трговскиот центар "Скопје Сити мол" и како што најавува новиот директор на центарот, Ивајло Иванов, ќе се запази рокот - наесен да се случи официјалното отворање.
Дури 90% од деловниот простор е веќе закупен и Иванов очекува до стартот со работа, Центарот да биде комплетиран. Во тек се завршните работи на објектот кој е во вкупна површина од 90.000 квадратни метри и неговата изградба чини 70 милиони евра.
- Станува збор за максимално енергетски ефикасен објект - прв од ваков тип во Македонија. Во него ќе се вработат околу 2.000 лица што многу ќе придонесе за намалување на невработеноста во Скопје - вели Иванов.
Центарот се наоѓа на одлична локација - помеѓу две прометни сообраќајници во Скопје. Иванов вели дека тоа им дава можност на посетителите на "Скопје Сити мол" да дојдат со автомобил, јавен транспорт, велосипед или пеш.
- Важно е што во "Скопје Сити мол" за прв пат ќе се претстават над 40 реномирани брендови, од кои најзначајни секако се Царрефоур, Индитеџ со Зара, Берсхка, Массимо Дутти, Пулл&Беар, Страдивариус, НењЅоркер, мултиплекс кино Цинеплеџџ, Спорт Висион - мулти бренд спортска продавница на 1.000 квадратни метри - нагласува Иванов.
Тој уверува дека "Скопје Сити мол" нема да биде место само за шопинг, туку и место за забава и ќе биде климатизиран.
- Во внатрешноста на "Скопје Сити мол" ќе биде удобно во секое време, ќе има полно работно време почнувајќи од 9 наутро, па до 24 часот. Ќе бидат донесени најновите брендови од Европа и нема да биде потребно граѓаните да одат да шопингуваат во Солун бидејќи и тука ќе имаат нормално место да купат нешто и да се напијат кафе. Таргет ќе ни бидат, исто така, луѓето од Косово и Јужна Србија и "Скопје Сити мол" ќе стане најдоброто шопинг место на Балканот - вели Иванов.